Политика за приватност

Оваа Изјава за приватност се однесува на доверливоста на личните податоци кој се собрани при процесот на регистрација на Корисниците на веб страната dfsk.mk, односно во процесот при регистрација на Корисник како примател кој се согласува да добива известувања за производите и промоциите на веб страната dfsk.mk.

Оваа изјава за приватност е составен дел од Општите услови и правила за работа на DFSK. DFSK, како давател на услугите на веб страната dfsk.mk се придржува до важечките прописи со цел заштита на приватноста на своите Корисници а особено на Законот за заштита на личните податоци. Во овој документ е опишано како контролорот на податоци Друштво за производство, трговија и услуги АБЦ  БРОТХЕР дооел  Скопје, (во понатамошен текст DFSK) ги обработува личните податоци.

Се упатуваат Корисниците на веб страната на DFSK (во понатамошниот текст Корисници) кој се приматели на известувањата за производите и промоциите на да прочитаат се што е наведено на оваа страна за полесно да разберат кој податоци DFSK ги собира и обработува и за која цел, врз база на кои законски основи, со кого и зошто ги споделува, кој заштитни мерки ги спроведува, како и кој се вашите права поврзани со пристапот до лични податоци, корекција, бришење и вашето право на приговор.

Секој Корисник кој има било какви прашања поврзани со личните податоци може да ги испрати преку електронска пошта на следнава електронска адреса info@abcbrother.com.mk.

Со прифаќање на оваа Изјава за приватност со кликнување на формата за регистрацијата на Корисникот односно при најавување на веб страната dfsk.mk од страна на Корисникот што прима известувања за производите и промоциите на DFSK, Корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и се согласил за обработка на личните податоци кои се утврдени со оваа Изјава.

 

Каков тип на лични податоци собира и обработува DFSK преку веб страната dfsk.mk?

За време на регистрација на лице како Корисник на DFSK веб страната, од Корисникот ќе побара обезбедување на одредени информации за себе (лични податоци) како име и презиме, адреса (вклучувајќи и поштенски код) , електронска адреса, телефонски број, датум на раѓање (опционално), корисничко име и лозинка.

За време на регистрација на лице како Корисник на примател на известувања за производи и промоции на DFSK веб страната, dfsk.mk во продолжение од Корисникот ќе побара да внесе информации за себе (лични податоци) и тоа: име и електронска адреса.

Давањето на лични податоци е одлука на Корисникот. Доколку Корисникот не ги обезбеди потребните задолжителни информации за одредена активност што е побарана, нема да му биде дозволено вклучување во таа активност, бидејќи без тие податоци активноста нема да биде технички изводлива.

Покрај овие информации, ние автоматски собираме податоци од вашиот компјутер, што може да вклучува IP-адреса, а има ситуации кога автоматски собираме и друг тип на податоци, како што се датум и време на пристап до веб страната dfsk.mk, информации за хардверот и софтверот или интернет пребарувачот кој го користите како и оперативниот систем на вашиот систем и верзија на апликацијата и јазичните поставувања.

Исто така може да собираме информации за кликовите на веб страната dfsk.mkDFSK ги советува Корисниците да се грижат за својата лозинка за најавување на корисничката сметката на веб страната dfsk.mk. Препорачуваме да користите големи и мали букви, како и броеви при изборот на комбинација на знаци за вашата лозинка, исто така должината на лозинката да биде најмалку од шест карактери. Препорачуваме да ја менувате лозинката периодично (барем еднаш на три месеци).

 

За каква цел DFSK собира и обработува лични податоци?

DFSK ги собира и обработува личните податоци за Корисникот на веб страната dfsk.mk заради спроведување на безбедна проверка на автентичноста на Корисникот кој пристапува на веб страната на DFSK, реализација на договори за набавка на производи и услуги, испорака на производи и услуги до Корисникот, комуникација со Корисникот, можни законски процедури поврзани со реализација на договорот, а применуваме и автоматизирани процеси за обработка со цел постојано да ги подобруваме нашите процеси во интерес на Корисникот, за понудата на Корисникот да биде што е можно повеќе персонализирана според неговите потреби и да ја прилагодиме нашата понуда на производи и услуги врз основа на навиките и потребите на нашите Корисници.

DFSK ги собира и обработува личните податоци на Корисникот за примените известувања за производите, услугите и промоциите со цел за испраќање на известувања, покани за учество во наградни игри преку електронска пошта, социјални мрежи или други канали за комуникација на кои претходно сте се пријавиле, евентуални можни правни постапки поврзани со договорот, за креирање на кориснички профил за добивање на индивидуални известувања, истражувања на пазарот и подобрување на ефикасноста и квалитетот на нашите услуги.

Ние не собираме податоци за деца. Ако откриеме дека такви информации се пренесени кај нас без согласност од родител или старател на деца помлади од 18 години, ние ќе ги отстраниме без одложување. Малолетни лица на возраст под 18 години не смеат да ја користат веб страната dfsk.mk. Ниту еден дел од веб страната dfsk.mk не е дизајнирана да привлече било кого кој е помлад од 18 години.



Која е правната основа за обработка на лични податоци?

Корисникот со внесување на неговите лични податоци и потврдување (кликнување) за прифаќање на Општите услови и правила за работа и оваа Изјава за приватност, стапува во договорна врска која е основ за купување на производи и услуги по избор на Корисникот на веб страната dfsk.mk, а која е содржана во Општите услови и правила за работа. Обработката на овие лични податоци е легална затоа што се преземаат активностите на барање на Корисникот со цел да се реализира набавка на производи и услуги нарачани од Корисникот, како и склучениот договор во кој е Корисникот е купувач. Корисникот кој се пријавува за да добива известувања за производи и промоции со внесување на своите податоци на веб страната на DFSK и со двојно потврдување на исправноста на електронската адреса, дава дозвола за обработка на неговите лични податоци. Корисникот може да ја повлече согласноста за известувања во било кое време со испраќање на електронска пошта на Офицерот за заштита на личните податоци на емаил info@abcbrother.com.mk.

 

Со кои приматели DFSK ги споделува личните податоци?

DFSK нема да ги споделува личните податоци на Корисникот со други страни, освен во случаи наведени во следната точка и во ситуација кога тоа го бараат правните регулативи.
DFSK, при барање на реализирање на договорот за купување на производи или услуги нарачани од Корисникот, ќе ги сподели личните податоци на Корисникот со:
1. Давателите на услуги за дистрибуција на стока со кој има постојан договор за соработка и за таа цел да исполнуваат нарачки, да испорачуваат пакети, да испраќаат пошта и електронска пошта. Давателот на услуги за дистрибуција може да ја побара на увид личната карта од Корисникот при личното превзимање на производите, а се со цел за реализација на услугата за испорака на пакетот и евиденција за тоа кој го превземал пакетот. Доколку Корисникот одбие да ја даде оваа информација, пакетот нема да му биде предаден.
2. Давателите на услуги во овластен сервис во случај Корисникот да поднесе жалба, рекламација за производот и доколку е потребна проверка на производ или да побара сервисирање на производот кој го купил, се со цел да може да ја реализира услугата за поправка, сервисирање или проверка на производот од страна на овластениот сервис.

 

Рок на чување на личните податоци

DFSK ги чува личните податоци на Корисниците кој се регистрирани на веб страната dfsk.mk во период додека се постигне целта за обработка, а тоа е период од моментот кога регистрацијата е активна и шест месеци по прекинување на регистрацијата на Корисникот, период во кој ќе бидат решени сите жалби од претходниот период. DFSK ги чува личните податоци на регистрираните Корисници кој примаат известувања за производи и промоции за период додека се постигне целта за обработката, а тоа е периодот до моментот кога регистрацијата е активна.

 

Пристап и корекција на лични податоци – право на корекција и дополнување

Корисникот во секој момент имаат можност да пристапат до своите лични податоци по регистрацијата на веб страната преку делот „Мој профил“, каде што имаат можност да ги ревидираат своите лични податоци што ги споделиле со DFSK, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Корисникотможе да побараат и да добијат од DFSK комплетна информација за личните податоци кои се сочувани, како и корекција на истите со испраќање на електронска порака на електронската адреса за заштита на лични податоци:

 

Бришење на лични податоци (право на бришење на лични податоци)

Корисникотимаат право во секое време да побараат бришење на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци. Корисникот тоа може да го оствари со испраќање на електронска порака на електронската адреса на Офицерот за заштита на лични податоци на info@abcbrother.com.mk и податоците ќе бидат избришани во рок од 30 дена. Корисникот има можност да поднесе барање за бришење на секое известување добиено од dfsk.mk преку електронска пошта, односно може да испрати електронска порака на eлектронската адреса на Офицерот за заштита на лични податоци на info@abcbrother.com.mk во која ќе наведе дека сака неговите лични податоци да бидат избришани.

 

Право на приговор

Доколку и покрај сите преземени мерки за заштита на личните податоци, сметате дека имате основ за приговор, контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци на info@abcbrother.com.mk. Секако дека имате право и да поднесете пријава до надлежниот орган.

 

Сигурносни мерки за заштита на личните податоци

Собраните податоци се во електронска форма и се заштитени со SSL сертификат кој ги енкриптира податоците и со тоа се обезбедува комуникацијата помеѓу компјутерот на Корисникот или Корисникот и екupi.мк да се одвива преку безбеден протокол. DFSK сериозно ја сфаќа заштитата на податоците и превзема различни мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци. За жал, ниту еден пренос на податоци преку Интернет или било која безжична мрежа, не може да биде 100% сигурен. Како последица на тоа, иако DFSK спроведува разумни заштитни мерки за заштита на податоците, не може да гарантира заштита на било какви информации пренесени од или на веб страната dfsk.mk и не е одговорен за постапките на било која трета страна што прима такви информации.

 

Измени на Изјавата за приватност

Оваа Изјава за приватност на DFSK може да се измени во секое време со објавување на изменетиот текст на Изјавата за приватност на веб страната dfsk.mk. Затоа DFSK ги советува Корисниците периодично да ја прегледуваат оваа Изјава за приватност, што ќе укаже на нови промени, доколку ги има. Доколку Корисникот не се согласува со оваа Изјава за приватност, ги советуваме да заминат и да не пристапуваат и ја користат веб страната dfsk.mk. Промената на Изјавата за приватност стапува на сила веднаш по објавувањето на веб страната dfsk.mk. Продолжување на користење на веб страната dfsk.mk од страна на Корисникот, по стапувањето во сила на промената подразбира дека Корисникотги потврдуваат и прифаќаат промените во Изјавата за приватност.