Мотор (кубни сантиметри)

1.5 бензин

Перформанси (l/100km) град/отворено

9/8

KW/KS

101/137

Врвни карактеристики

Покрај спортскиот дизајн, DFSK F5 има серија на најсовремени додатоци, како што е централна мултимедијална коназола со екран на допир од 10,25 инчи, кој овозможува централна контрола на возилото и поврзување преку Bluetooth. Под просторот за забава на DFSK F5 има систем за контрола на климатизација кој овозможува одржување на избраната температура во патничкиот простор без оглед на условите за возење.

Воланот, покриен со кожа, има мултифункционални копчиња за контрола на музиката, јачина на звук, радио и вграден компјутер.

DFSK F5 вклучува и сензори за рикверц со камера, што ги олеснува маневрите при паркирање и ви овозможува на големиот екран да видите какви предмети или луѓе има во задниот надворешен дел. 

Седиштата, вратите и потпирачите за раце се обложени со црна или црвена еколошка кожа (во зависност од верзијата) што дава голема елеганција на внатрешноста на возилото.

Голем внатрешен простор

Со должина од 4.685 mm, ширина 1.865 mm и висина од 1.645 mm, спортскиот теренец DFSK F5 овозможува доволно внатрешен простор и за возачот и за неговите патници.

Покрај тоа, во задниот дел, кога централното седиште не е зафатено, можно е да се спушти удобен потпирач за рака каде што има и простор за ставање чаши или пијалоци.

За секој патник има држачи за чаши на вратите како и голем простор за потребштини за возачот и пространа кутија за ракавици за совозачот, каде што е можно да се чуваат документи за возилото и други неопходни работи.

Сите седишта се опремени со безбедносни појаси фиксирани во 3 точки за да се подобри држењето на патниците во можни ризични ситуации.

Турбо моќност во спортски теренец

DFSK F5 има турбо полнач со 1,5, 4-цилиндричен мотор и 137 КС. Повеќе од доволно моќ за да почувствувате дека стартот одговара на потребите на патот и на возачот. Со вртежен момент од 220 Nm или 270 Nm во зависност од избраната верзија, му овозможува на ова возило да патува по падини со иста леснотија како патиштата, притоа одржува оптимално ниво на потрошувачка благодарение на неговиот систем за секвенцијално вбризгување во повеќе точки  кој се грижи за максимизирање на моќноста. 

За да се постигне подобро патничко искуство, овој моќен мотор е придружен со континуирано променлива трансмисија или CVT, која се прилагодува на потребите на патот, одржувајќи непречено искачување на падините, без да почувствувате промена на брзината во било кој момент.

Конечно, системот за сопирање ABS и EBD овозможува да се намалат растојанијата потребни за сопирање, избегнувајќи лизгање на лизгави површини бидејќи го контролираат држењето на секое тркало независно.

Смарт спортски SUV

DFSK F5 е демонстрација на највисокиот производствен квалитет со прекрасен спортски дизајн, DFSK F5 е опремен со тркала од 18 инчи, автоматско отворање на багажникот преку далечински управувач, електрични преклопни ретровизори и предни и задни сензори за паркирање.

Кога иновацијата ќе се придружи на желбата за квалитет, резултатот е спортски SUV со најнапредна опрема по цена досега невидена.

Во DFSK F5 ќе ги најдете сите оние детали кои го олеснуваат возењето: паркинг камера и ултразвук, екран од 10,25'', снимање на возење, прелистувач, USB влезови...

Во DFSK F5 центарот на вниманието сте вие.

Опрема

DFSK F5 доаѓа во Intelligence топ ниво на опрема

Вкупна должина (мм) 4.685 mm
Вкупна ширина (mm) 1.865 mm
Вкупна висина (mm) 1.645 mm
Меѓуоскино растојание (mm) 2.790 mm
Бруто маса на возилото (кг) 2155
Нето маса на возилото (кг) 1630
Носивост (кг) 525
Минимален радиус на вртење (м) 5,2
Капацитет на резервоарот за гориво (л) 58
Број на места за седење 5
Распоред на места за седење 5 (2+3)
Предна суспензија Независна
Задна суспензија Независна
A/C Автоматска климатизација + HVAC
Внатрешен ретровизор со заштита од отсјај
Визир за сонце во делот на совозачот со огледало
Визир за сонце во делот на возачот со огледало
Внатрешно светло
Модел SFG15T
Зафатнина (цм3) 1498
Трансмисија CVT(VT5)
Број на цилиндри 4
Тип на вбризгување Повеќекратно секвенцијално инјектирање со електронска контрола
Максимален вртежен момент (Nm / rpm) 220Nm/2000-4000RPM
Максимална моќност (KW/КС) 110/137
Менувач CVT
Погон На предни тркала
Тркала 235/50 R18 Алуминиумски фелни
Резервно тркало Челично 165/80 R17
Електрична рачна сопирачка (EPB)
Двотонска свирка
Воздушно перниче за возач и совозач
Странични воздушни перничиња
Заклучување на задни врати за деца(Child lock)
Звучно предупредување при паркирање
Задна паркинг камера
Предни и задни паркинг сензори
Отварање и затварање на прозори и отварање на багажна врата со далечински управувач
PEPS System (влез без клуч за возач и совозач, Start/Stop систем на палење)
Систем за мерење на притисок во гуми (TPMS)
ABS/EBD
EBA/BAS/BA/EVA
EPB
Темпомат
ASR/TCS/TRC/ATC
ESP/ESC
Видео рекордер за снимање на патот
AUTOHOLD опција
Панорамски сончев кров
GPS
USB приклучоци
Седишта
"Nappa" премиум кожа
Шалтабла со мека текстура
3.5” патен компјутер во боја
10.25” HD мултимедија уред осетлив на допир
Број на звучници
6
Панел за прилагодување на температурата во возилото осетлив на допир
Запалка
Кожни панели на вратите
Кожни потпирачи на вратите од прв и втор ред
Управувач обложен со кожа
Аудиокоманди на управувач
Поврзување на Android и Apple уреди
Предни светла LED, прилагодливи во висина со автоматко вклучување
Предни светла за магла LED, двојни
Дневно светло LED
Трепкачи на ретровизори LED
Надворешни ретровизори Во боја на каросерија, автоматски преклопливи од внатре и при заклучување на возилото
Одмрзнувач на ретровизори
Задни светла LED сигнал при вртење, LED задно светло, LED стоп светло, LED светло за позиција
Задни светла за магла Двојни
18” алуминиумски фелни со спортски дизајн

Опрема

Мотор

Цена (EUR)

 

 

 

Intelligence CVT

1.5 бензин

25.990 €

 

Доплата за металик боја + 400 €

Повеќе простор, повеќе стил

Повеќе

LED фарови

Повеќе

Сензори за дожд

Повеќе

Надворешен дизајн

Деталите го прават животот поубав
Повеќе

Динамични LED светла

Повеќе

Keyless entry

Повеќе

Достапни бои

DFSK F5 може да се избере во сина, бела,  црна или интензивна црвена боја, според вашиот вкус.

Најчесто поставувани прашања

DFSK (се изговара Dongfeng Sukon) е создаден со спојување на Dongfeng Motor Corporation и Chongqing Sokon Industry Group, најголемите производители на автомобили во Кина.

Dongfeng Motor Corporation е со седиште во Кина и е најдобар производител на возила таму. Работи со Kia, Honda, Peugeot-Citroën и Renault, меѓу другите.

Сите возила на DFSK се увезени од Кина. Сепак, тие се претходно прилагодени, атестирани и одобрени за европскиот пазар и ги исполнуваат сите барања на Европската унија.

Seres е електрична марка возила на DFSK и се развива во САД и Кина.

Многу делови во во DFSK возилата се дел од испробана и тестирана технологија која другите производители веќе ја користеле, поради што сме исклучително сигурни во иднината на нашиот бренд и издржливоста на нашите возила.

Возилата кои веќе се на европските патишта немаат скоро никакви посериозни дефекти.

Секако! Ние, во abc brother, имаме неколку тест-возила коишто сте добредојдени да ги тестирате и возите. Ве молиме закажете состанок со нашите продавачи. Може да  не контактирате по телефон на 02 261 7191. Алтернативно, можете да ја користите и нашата контакт форма .

Кај нас, во автосалонот на abc brother ќе го добиете вашето ново DFSK возило со оригинални патосници,  упатство за користење и во совршена остојба.

Дополнително, по желба може да се погрижиме и за регистрација на вашиот автомобил кај партнерите со кои работиме.

Ако го подигнете вашето ново возило лично од нас, ќе добиете и многу полезни совети и инструкции од нашите продавачи.

Се разбира, со задоволство ќе ги преземеме сите поправки што треба да се направат на возилото и доколку се уште е во гарантен период, ќе ја подмириме гаранцијата директно со производителот.

Алтернативно, постои и партнерска мрежа на сервиси ширум Македонија на која можете да се обратите.

Нормално 16-20 недели. Тоа зависи од тоа дали возилото е кај нас или во надворешен магацин.

Бидејќи возилата имаат само неколку линиии на опрема, скоро секогаш можеме да имаме возило на залиха.

DFSK е поддржан од abc brother во Македонија и регионот. DFSK е водечка глобална компанија со повеќе од 170 годишно постоење на пазарот и присуство во 100 земји.

Дополнително, сите наши возила имаат гаранција од 3 години или 100.000 км.

Палетата на модели е прилагодлива на сите видови потреби, од комерцијални возила, семејни возила до електрични возила

Влез без клуч / keyless entry 

Благодарение на влезот без клуч/keyless entry, во возиллото влегувате и излегувате без мака.
За да го стартувате возилото, клучот мора да биде присутен само во автомобилот и можете да стартувате со копчето за старт/стоп.

Побарајте понуда