За нас
abc brother е компанија која е ексклузивен, овластен застапник и сервисер на брендовите на комерцијални возила ГАЗ, патничките, комерцијални и електричните возила DFSK како и електричните возила ZD Electric.
Компанијата е присутна на македонскиот пазар и во регионот од 1993 година, започнувајќи со застапување на брендот за домашни и индустриски машини за шиење brother.
Во периодот од 1993 година до 2008 година, компанијата остварува продажба од преку 15.000 домашни и индустриски машини за шиење.
Во 2009 година abc brother станува овластен застапник на брендовите на комерцијални возила ГАЗ, патничките, комерцијални и електричните возила DFSK а во 2017 година компанијата станува овластен застапник на брендот за електрични возила ZD Electric.
Наша МИСИЈА е да го снабдуваме балканскиот регион со патнички, комерцијални и електрични возила, со одличен квалитет по високо конкурентна цена.
Наши ВРЕДНОСТИ СЕ: Квалитет, профитабилност, одржливост, високи услуги за клиентите, надополнети со одлична услуга по продажбата.